АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија, ги повикува субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат

АД ЕСМ ја информира дека на отворена јавна аукција, за периодот од 7 до 11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.

-Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба, АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53 580 000 денари), се наведува во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

Од АД ЕСМ посочуваат дека ќе продолжат и натаму да ја нудат на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка.

-Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија, велат од АД Електрани на Северна Македонија. 

Back to top button
Close