АД ЕСМ: Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа околу 40 проценти повеќе електрична енергија во споредба со истиот период лани

Првиот човек на АД ЕСМ Ковачевски вчера беше дециден во одговорот на загриженоста на јавноста за можни рестрикции на струја, истакнувајќи дека рестрикции нема да има, бидејќи АД ЕСМ го зголемува домашното производство на струја

Владата вчера донесе мерки што, споиред анализата, треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1 септември

РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ произведоа за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1 559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1 914, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија“.

Според нив, зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите.

Во истиот период, наведуваат од ЕСМ, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25 проценти и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија.

Овие податоци вчера на прес-конференција ги изнесе и првиот човек на АД ЕСМ Васко Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши. Ковачевски вчера беше дециден во одговорот на загриженоста на јавноста за можни рестрикции на струја, истакнувајќи дека рестрикции нема да има, бидејќи АД ЕСМ го зголемува домашното производство на струја.

АД ЕСМ во денешното сопштение ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека тие ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси.

Владата вчера донесе мерки што, споиред анализата, треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1 септември. За домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија.

Back to top button
Close