Адеми: Кампањата завршува, но нашиот пат дури сега започнува
Денес ја заокружуваме една долга, но мошне значајна изборна кампања. Како Централен штаб, донесовме одлука да ги откажеме сите изборни активности на г. Али Ахмети за петок, потврдувајќи го неговото учество на севкупниот национален протест во Тирана – во поддршка на неговите соборци и основачи на славната Ослободителна војска на Косово (УЧК). Овој чин е акт на национална солидарност, но и потсетник за оние што забораваат дека слободата и правата не се подаруваат – тие се освојуваат со жртвување, се вели во соопштението од ДУИ од денешната прес-конференција на потпретседателот на партијата Арбер Адеми.
Рече дека „во текот на оваа кампања, Националната алијанса за интеграција настапи достоинствено, смирено и со конкретна понуда за граѓаните. Не се занимававме со клевети, црни кампањи или манипулации. Зборувавме со јазикот на фактите, визијата и одговорноста. Нашата кампања ја изградивме врз довербата – не врз стравот. За жал, нашите противници ја избраа спротивната насока – патот на клеветите, фабрикувањата и темните сценарија. Наместо идеи – понудија лаги; наместо проекти – измислија скандали; наместо натпревар за развој – поттикнаа поделби“.
„Од самиот почеток, самиот премиер изјави дека „суштината на овие избори е исчезнувањето на ДУИ од политичката сцена“, а потоа зборуваше и за „политичко пензионирање на Али Ахмети“. Тоа не е само политички речник – тоа е носталгија за време кога Албанците требаше да бидат под команда, а не рамноправни учесници во одлучувањето. Но тоа време заврши. Албанците никогаш повеќе нема да бидат вазали на туѓа волја. Ние побаравме транспарентност, одговорност и целосен ветинг – дури и за процесите што некои ги сметаат за табу: од приватизацијата до тајните служби што делувале против Албанците. А оние што зборуваат за корупција – молчат, бидејќи знаат дека „белата палата“ од која зборуваат е најголемиот симбол на корупцијата во оваа земја, потврдено и со судски пресуди“ рече Адеми.
Посочува „во Кичево и Бутел повторно се обидуваат да ја претворат изборната трка во етнички судир, бидејќи немаат понуда, немаат визија и немаат план. Но тоа сценарио го знаеме добро. Кога не можат да победат со идеи – измислуваат, монтираат и шират дезинформации, надевајќи се дека граѓанинот ќе ја изгуби довербата. Но албанскиот граѓанин повеќе не се измамува. Тој знае кој бил со него во тешките денови, а кој се сетил за него само пред избори“.
„Денес, во оваа кампања, се раѓа нов завет – завет на надежта, достоинството и враќањето на довербата во силата на народот. Граѓани од сите слоеви, па дури и поранешни поддржувачи на ВРЕДИ, ни се приклучуваат и отворено велат: „Се надевавме на промени, но завршивме во разочарување и понижување.“ 19 октомври не е само датум на избори – тоа е референдум! Референдум за враќање на достоинството, за еднаквост, напредок и правда. На 19 октомври Албанците ќе зборуваат јасно – самите ќе ги изберат своите политички претставници, а не оние назначени од Мицкоски и неговата оска. Ова е наш момент на обединување, наш момент да го завериме со глас достоинството, еднаквоста и европскиот правец на државата.19 октомври е референдум на Албанците за иднината!“ дециден е Арбр Адеми.
Кампањата завршува, но нашиот пат дури сега започнува, заклучи тој.