Адеми за изјавата на Филков: Идеите дека треба да се ревидира Бадентеротвото мнозинство се опасни

Потпретседателот на Демократкста унија за интеграција Арбр Адеми денеска коментирајќи ја изјавата на министерот за за правда Игор Филков дека Бадентеротвото мнозинство се злоупотребува и можеби е дојдено време да се ревидира, истакна дека ваквите идеи од политички сили и политичари кои мислат дека мултиетничките држави не се функционални, се опасни.

-За жал, се повеќе им се дава простор на политички сили и на политичари кои имаат опасни идеи и кои мислат дека мултиетничките држави не се функционални, а кои се поборници на чисто етнички држави. Такви идеи и идеолози се опасни, бидејќи со тоа се заоструваат меѓуетничките односи, па се до нарушување. Ние сме сведоци, уште од почеток сме кажале дека оваа Влада има агенда систематски да го нападне Охридскиот мировен договор. А тоа се покажа и докажа со конкретни дела – со укинување на балансер, со непочитување на правична застапеност и покрај тоа што се уставна вредност согласно амандман 6 од Уставот, со непочитување на албанскиот јазик и Законот за албанскиот јазик, со укинување на статусот на правно лице на Инспекторатот за примена на Законот за јазиците, со поднесување на иницијатива за укинување на Законот за албански јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ и други субјекти и секојдневно се соочуваме со истата ситуација. Повторуваме вакви идеи од политички сили и политичари се преопасни не само за Република Северна Македонија, туку за целиот регион кои мислат погрешно дека мултиетничките држави не функционираат, нагласи Адеми.

Во однос на синоќешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој порача ДУИ да се реформира пред да се обидува си трикови да се врати во власта, Адеми оцени дека тоа е погрешна теза и оти, како што посочи, неговата партија ужива поддршка од граѓаните.

-Тоа секако е изјава на премиерот. Ние оценуваме дека тоа е погрешна теза од негова страна. Демократската унија за интеграција ја ужива поддршката од граѓаните и тоа е најдобриот доказ дека ДУИ е во добар правец. Сите тези повеќе од една година ние што ги велиме пред јавноста, тие се потврдуваат. Ние сме кажале дека не може да се формира Влада без етнички легитимитет. И ете со која ситуација се соочуваме сега – каде што нема Бадентерово мнозинство, а има политичари кои имаат и опасни тези сега да се гази Уставот, Охридскиот мировен договор и целиот политички систем кои ние сме го воспоставиле со меѓусебен договор во 2001 година за да градиме еднаква, заедничка татковина. Според вакви стратегии и планови каде што се напаѓаат столбовите на Уставот, уставниот поредок и на Охридскиот мировен договор, нема добро утро за сите нас, за жал. А, тоа се потврдува секој ден, од денот на формирањето на оваа Влада  без етнички легитимитет па до ден-денешен, рече потпретседателот на ДУИ, Адеми.

Back to top button
Close