Администрацијата на Бајден ги призна методите за производство на воздухопловно гориво за еколошки чисти

 

– Администрацијата на Џо Бајден соопшти денеска дека методот за производство на етанол од пченка е прифатлив за компаниите што се занимаваат со тоа да добијат даночни олеснувања за еколошки чисто авијациско гориво.

Ова се гледа како победа на „пченкарното лоби“ во САД.

Од администрацијата укажаа дека условите за ова ќе бидат обновени кон 1 март идната година, со што има и некакви нејаснотии за произведувачите на етанол од пченка, бидејќи барањата за еколошки чисто горива за авиони можат и понатаму да бидат обновени.

Воздухопловната индустрија, која во 2023 се очекува да има чист профит од 20 милијарди долари, генерира 2 отсто од светските издувни гасови на јаглероден диоксид. Оваа индустрија е еден од тие сектори на светската економија која е најтешко да се „декарбонизира“, бидејќи воздухопловите многу потешко можат да се префрлат на електричен погон.

Авиокомпаниите тврдат дека е неопходно да се развива пазарот на еколошки чисто гориво за авионите, и потенцијално веќе сега пазарот со вакво гориво би можел да понуди на светската авијација 50 отсто помало ниво на издувни гасови отколку керозинот. Но, неговата цена сѐ уште е два до трипати повисока од керозинот.

Веќе неколку месеци администрацијата се обидува да најде модели за регулирање на издувните гасови и друг смет кога се генерира енергија преку програмата на Министерството за енергија ГРЕЕТ. Тие модели повикуваат на намалени даноци за производиелите на етанол од пченка, а согласно Законот за кратење на инфлацијата потпишан од Бајден како дел од законот за климатските промени

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close