Администрацијата на Трамп бара помошта за странство да остане замрзната

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд итно да наложи замрзнување на милијарди долари помош за странство.

Спорот се однесува на повеќе од 5 милијарди долари помош што веќе ја одобри Конгресот, за која Трамп минатиот месец изјави дека нема да се троши, повикувајќи се на спорно претседателско овластување кое последен пат било користено пред 50 години.

Окружниот судија Амир Али минатата недела пресуди дека одлуката на републиканската администрација да ги задржи средствата најверојатно била нелегална.

Back to top button
Close