Администрацијата на Трамп побарала од Израел да ги прекине нападите во јужна Сирија, објави „Аксиос“

Бројот на убиени лица во јужна Сирија, како што објави Франс прес надмина 200, повикувајќи се на невладина организација за мониторинг. Убиени се 92 Друзи, вклучувајќи 21 цивил од Министерството за одбрана и внатрешни работи, 93 од владините сили и 18 бедуини

Mandatory Credit: Photo by Evan Vucci/AP/Shutterstock (

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Израел да ги прекине нападите врз сириските воени сили на југот на Сирија, објави „Аксиос“, цитирајќи американски функционер, а пренесува Ројтерс.

 

Како што објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид на социјалната мрежа Икс, израелските претставници им одговориле на американските дека вчеравечер нападите ќе бидат запрени.

 

 

Според објавата, сириската влада однапред го известила Израел за распоредувањето на тенкови во областа Ас-Сувајда, нагласувајќи дека тоа е направено за да се воспостави ред за време на судирите меѓу милициите на Друзите и бедуините.

 

 

Од сириското Министерство за надворешни работи соопштија дека Израел сноси целосна одговорност за најновите напади врз јужна Сирија, како и за последиците од тие напади. Оттаму додаваат дека имаат за цел да ги заштитат сите сириски граѓани, вклучително и малцинството Друзи.

Претходно беше објавено дека Израел има намера да преземе мерки за заштита на Друзите во Сирија.Борбени авиони на израелските воздухопловни сили вчера лансираа најмалку четири ракетни напади врз позициите на силите контролирани од новите сириски власти и арапските племенски воени сили во провинциите Ас-Сувајда и Дара на југот од Сирија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац вчера изјавија дека им наредиле на трупите да ги нападнат силите распоредени во градот Ас-Сувајда во јужна Сирија како дел од поддршката за Друзите.

Бројот на убиени лица во јужна Сирија, како што објави Франс прес надмина 200, повикувајќи се на невладина организација за мониторинг. Убиени се 92 Друзи, вклучувајќи 21 цивил од Министерството за одбрана и внатрешни работи, 93 од владините сили и 18 Бедуини.

Откако во декември минатата година беше соборен долгогодишниот претседател Башар ал-Асад, претставници на безбедносните сили на новите сириски власти се испратени во покраината Ас-Сувајда, каде во неделата избувнаа судири меѓу Друзите и бедуините.

Back to top button
Close