Администрацијата на Трамп предложи намалување на буџетот за 163 милијарди долари во 2026 година
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи следната година да се намали потрошувачката на федерално ниво за 163 милијарди долари, со што би се укинале повеќе од една петтина од буџетските средства, не вклучувајќи ги задолжителните програми за социјални давачки.
Трамп денеска објави предлог-буџет кој предвидува комбинација на намалувања на домашните програми во областа на јавното здравство, образованието и чистата енергија, истовремено барајќи зголемување на трошоците за безбедност на државните граници и зајакнување на војската, пренесува Ен-Би-Си Њуз.
Предлогот на 40 страници е упатен до лидерите на Конгресот, заедно со писмо од директорот на Канцеларијата за државна управа и буџет Расел Вот, адресирано до сенаторката Сузан Колинс, републиканка од Мејн, претседавачка на сенатскиот Комитет за апропријации. јт/