Адвокатот на Јакимовски поради корона, одложич рочиште, па отишол на друго. Судијата лут

Адвокатот Виктор Цветковски, застапник на Стевчо Јакимовски, дојде на денешното судење за предметот што се води против актуелниот градоначалник на Карпош. Тој рече дека има направено тест на коронавирус и добил негативен резултат, а минатото рочиште беше одложено поради негово отсуство.

На ова реагира судијата Осман Шабани, кој му предочи на адвокатот дека два дена по одложеното рочиште, се јавил на рочиште за друг предмет.

„Во петокот ни одложивте рочиште, а преку еден ден во Штип се јавувате за притворски предмет. Значи, нивното здравје не е важно, нашето е?“, рече Шабани

„Во четвртокот беше позитивна. Во петокот се тестирав“, рече адвокат Виктор Цветковски, застапник на Јакимовски.

„За еден ден не се развива коронавирус. Барем не одете таму да го загрозувате здравјето. Знаеме веќе за тоа како се развива вирусот, секојдневие ни стана“, рече Шабани

Повеќе

 

Back to top button
Close