Адвокатот на Лозановска: Не го извршивме разговорот, не прашаа кој ве повика, утре мора повторно да дојдеме.Новата директорка веќе ја обила канцеларијата

Откако во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски. Тој по посетата на полицијата за Телма изјави дека полициски службеник кој исто така била вечерта пред домот на директорката ги прашал кој ги поканил на информативен разговор, иако од полициски службеник телефонски биле повикани денеска на разговор, по случувањата на 8 август вечерта, кога полицијата

 

направи претрес во домот на Лозановска.

-Застрашувачки за мене како адвокат е тоа што денес ни доставија покана, покрај овој разговор за повторно утре да се јавиме на информативн разговор во полциската станица, поканата ја примивме иако и тефеонското повикување на информативен разговор е официјална покана за изјава кое го стори началникот на 08.08. 2025 и телефонски не покани на информативен разговор за денес. Еден час траеше дебатата околу тоа дали треба да има разговор, побаравме да поднесеме и пријава, бидејки од началникот на ОВР Демир Хисар бевме информирани на денот на претресот дека било обиено во училиштето од страна на новата директорка, комисиски. Извадивме и тековна состојба од централниот регистар кој претставува лична карта на училиштето во неа се уште овластено лице е Маја Лозановска, па со оглед на тоа денеска пријавивме и кривично дело самовластие до МВР од каде побаравме нивно присуство да дојдат во училиштето во службените простории со цел да видат дали постапиле соодветно по наредбата која беше издадена, која тие ја бараа за претрес со цел да видат каде се печатите. Одбија да дојдат со нас и не упатија ако има некаков проблем да сме се јавеле, вели адвокатот на Лозановска.

Back to top button
Close