Адвокатот на разрешената директорка од Демир Хисар: Изборен законик – тоалетна хартија


Драмата во Демир Хисар продолжува, адвокатот на незаконски разрешената директорка, на средното училиште „Крсте Петков – Мисирков“ во Демир Хисар реагираше поради постапката за службените печати на гимнзијата, за кои како што вели, надлежните институции постапиле спротивно на Изборниот
Фејсбук објава на адвокатот Жарко Стеваноски.

„Откако ОЈО Битола на ден 13.08.2025 година ги одзеде службените печати на СОУ „Крсте Петков Мисирков„ Демир Хисар како доказ по кој ОВР Демир Хисар до пред распишување на Локалните избори 2025 година ревносно трагаше заради постоење на основано сомневање дека „неподобната„ директорка Маја Лозановска сторила кривично дело „Одземање или уништување на службени печати или списи„ од чл.390 од КЗ а после распишување на изборите го изгуби интересот за печатите, од Јавниот обвинител беше побарано враќање на службените печати на Маја Лозановска како актуелен директор на училиштето и ЈО беше предупреден на обврската од чл.8-а од Изборниот законик, односно дека постапката за разрешување и именување на директор на училиштето се прекинува до завршување на изборите., пишува во објавата на Фејсбук на Стеваноски.

Но, очигледно Јавниот обвинител нашол соломонско решение и одлучил спротивно на Законот за кривична постапка службените печати да ги врати на оснивачот „Општина Демир Хисар„, односно на Градоначалникот а тој, тој сосема непресметливо ги предал на новоназначениот в.д Директор да си направи промена во Централниот регистар и да се устоличи како директор ни помалку ни повеќе во екот на распишани избори, па така, на ден 25.08.2025 година во ЦР на РСМ е направена промена на директор на училиштето целосно множејќи ги забраните предвидени со изборниот законик со нула.

Јавен обвинител од ОЈО Битола предметните печати ги одзеде врз основа на сомнително издејствувана наредба за претрес од Судија на претходна постапка при Основен суд Битола. Сомнителна поради релациите партија, МВР, јавен обвинител и локална власт. Јавниот обвинител бил должен да знае дека враќање на одземените предмети може да дозволи само Основен суд Битола а не самиот јавен обвинител. Тоа е дефинирано во чл.119 ст.3 и чл.203 од ЗКП.

Вака како што тргнала работата изгледа дека законите не важат ниту за ОЈО Битола, ниту за Општина Демир Хисар кога се работи за именување и разрешување на функционери за време на избори, па останува да се надеваме дека некој од другите надлежни органи ќе ја постави точната дијагноза на состојбата во која ова се прави, и ќе препише соодветна терапија за лек против непресметливата ситуација час поскоро.

Среќа е да си власт:), додава адвокатот

Back to top button
Close