Aдвокатот Пешевски: Апел до сите колеги, никој да не се нафати да ги брани!

Не стивнуваат реакциите по информацијата за смртта на Вања Ѓорчевска.

Овој пат се огласи адвокатот Драган Пешевски, кој побара ревидирање на видот на кривичните дела за вакви грозоморни дела.

„ Ревидирање на видот на кривичните санкции за вакви грозоморни дела, односно додавање на нови посурови и апел до сите колеги адвокати НИКОЈ да не се нафати да ги брани ако увиди дека постои и најмал сомнеж дека се тие лица сторители, а и адвокатот кој ке им биде поставен по службена нека не се ангажира баш нај нај, да не кажам ич!!!“ напиша тој на фејсбук.

Back to top button
Close