Адвокатскиот тим што го застапува семејството на починатата родилка од Куманово не се согласува со извештајот од обдукцискиот наод

Адвокатскиот тим што бесплатно го застапува семејството на починатата родилка од Куманово при истрагата открило недоследности и противречности во извештаите од инстититуциите, соопштија на денешната прес-конференција од адвокатската канцеларија Георгиевски.

Тие го добие извештајот за спроведен стручен надзор за пациентката и велат дека имало административни пропусти. Од тимот велат дека не се согласуваат со наводите на одбуцентите, во кои се вели дека смртта кај 31 едногодишната родилка е природна и дека се исклучува лекарска грешка. Адвокатот Христијан Георгиевски во денешната изјава за медиумите рече дека семејството е огорчено од однесувањето на институциите и нагласи дека ќе бараат одговорност.

– Во извештајот делумно се потврдува дека има направено пропусти, како што е наведено во делот на административни пропусти во пополнување на медицинската документација. Во однос на временската разлика кон преземање на реанимациски мерки, а не е за занемарување и фактот како што е наведено во самиот извештај останува нејасно, зошто во текот на оперативниот зафат настапува повторно влошување на општата состојба на пациентката проследено со намалување на крвниот притисок кој прогресирал до срцев застој, што ако за самата инспекција, комисијата за вршење надзор на стручната работа на ЈЗУ општа болница е нејасно, ние како немедицински лица не би можеле да дадеме одговор. Во секој случај овие наоди ќе ги продлабочиме и на тој начин ќе добиеме одговор на овие нејаснотии. Во однос на самата обдукција целосно не се согласувам со наводите на обдуцентите и раководителите на институтот за судската медицина, од причина што истите наведуваат смртта на покојната на возраст од 31 година е природна и настанала како резултат на емболија, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Тој смета дека е изненадувачки како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине.

– Кога сите други индикации покажуваат нешто друго, а како дополнение ќе се повикам и на фактот дека самата рожба немала апсолутно никакви аномалии во текот на породувањето и до денеска иако се наоѓа на универзитетската клиника за детски болести во Скопје со почетна дијагноза породилна асфиксија неозначено до денс нема утврдено дијагноза и неговата психофизичка состојба е сè уште критична, додава Георгиевски.

Од тимот велат дека обдукцискиот наод стигнал доцна, иако е завршен на 28 септември, ден по смртта на родилката.

Од ЈОСРМ денеска информираа дека обдукцискиот наод е пристигнат и потенцираат дека ОЈО Куманово ќе продолжи да презема дејствија за целосно испитување на настанот.

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина на 27 септември при породување во кумановската општа болница. Надзорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат покажа дека таа редовно се прегледувала кај матичен гинеколог, имала редовни контроли, била во добра здравствена состојба со втората уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Таа според извештајотпримила индикација за породување еднаш, а потоа уште еднаш во 19.30 кога нагло и се влошила здравствената состојба, по што била спроведена во операциска сала и бил извршен царски од тим лекари, бил изваден плодот по што пациентката починала.

Министерството за здравство формираше комисија која го испита случајот и освен административно-технички недостатоци утврди дека не се најдени недостатоци кои можат да бидат директна или индиректна причина за акутното влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот по новороденчето и смртниот исход на родилката.

 

Back to top button
Close