Аеродромот во Минхен привремено ги прекина летовите по пријави за „сомнителна“ активност

 Летовите од и кон аеродромот во Минхен во Германија синоќа привремено беа прекинати поради пријави за „сомнителна“ активност, јави ДПА.

Контролата на воздушниот сообраќај го прекина воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен за половина час околу 22:00 часот по локално време, изјави портпарол на полицијата за ДПА.

Уште едно кратко затворање на пистата следеше еден час подоцна.

Неколку лица претходно пријавиле во полиција дека виделе нешто „сомнително“, но не беше јасно дали станува збор за дронови.

Според веб-страницата на аеродромот, два лета биле пренасочени за време на објавениот прекин.

На почетокот на октомври, воздушниот сообраќај на аеродромот во главниот град на Баварија беше прекинат две вечери по ред поради нерегулирани упади на дронови. Речиси 10.000 патници беа погодени од прекинот на сообраќајот на аеродромот.

Слични инциденти влијаеја на работењето на другите европски аеродроми во последните недели.

Back to top button
Close