Афера „Тајни имоти“: Претседател и членови на комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР не поднеле анкетни листови

Високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат и бегаат од одговорност, а институциите пишуваат бледи соопштенија и не преземаат никаква иницијатива.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжува да ги открива имињата на 123-те партиски и владини функционери кои не поднеле анкетен лист или пак не го ажурирале во ДКСК.

„Ана Марија Павиќ, која е именувана за член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил и не поднела анкетен лист, а е координатор на Форумот на жени во ОО Бутел и била кандидат за советник од партијата. Таа на сопствено име има луксузна лимузина Ауди А5, а остатокот од имотот е на нејзиното семејство.

Саша Максимовски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР, и со работна позиција раководител на сектор во Владата на Република Македонија, кој не доставил анкетен лист до Антикорупциска комисија, а од она кое што ние го утврдивме на негово лично име има стан во населбата Карпош во Скопје.

Анкетен лист не поднел ниту Теди Цоневски, член на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР. Цоневски не го пријавил својот имот, кој според нашите истражувања се состои најмалку од еден стан во Горно Соње, еден стан во Кисела Вода и еден стан во Центар. Цоневски е и основач на фирмата ИНТРАТЕЛ СОФТ ДООЕЛ Скопје, која ја формирал во месец септември оваа година. А, покрај горе наведеното е и вработен во една голема телекомуникациска компанија.

Голем број на функционери кои имале неколку функции пред да ја извршуваат последната функција не го ажурирале својот анкетен лист и по скоро една година. Таков е случајот со директорот на Инспекторатот за транспорт, Гајур Рушити, Ташко Дојчинов, државен правобранител за подрачјето на Гевгелија, и Васко Стефанов, директор во Пошта, презентира денеска Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close