Џафери ја деблокира Комисијата со „елиминација“ на Зендели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, планира да ја деблокира работата на закочената Комисија за избори и именувања, на тој начин што ќе предложи разрешување на Фадиљ Зендели од Беса.

За потсетување, опозицијата доби мнозинство во Комисијата со Зендели, откако Беса ја напушти власта и премина во опозиција.

Сепак, тој одби да се повлече од функцијата и да му го препушти столчето на новиот владин партнер Алтернатива, што, според мнозинството, беше противзаконски.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, предлогот на Џафери за разрешување на Зендели ќе биде преседан, со оглед дека за првпат би се случило да се разреши член на работно тело без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

Инаку, работата на оваа Комисија, меѓу другото, е важна и заради избор на нови четворица уставни судии.

 

 

 

Back to top button
Close