Џафери: Ахмети доаѓа на седници, зошто да не доаѓа?

На забелешката дека некои пратеници не доаѓаат редовно на седници односно доаѓаат само за гласање, немаат обраќања и земаат плата, меѓу кои и лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, тврдеше дека тој доаѓал на седници.

– Доаѓа Али Ахмети, зошто не доаѓа. Ќе дојде да гласа. Немате право да му се мешате на пратеникот дали ќе говори или не, рече Џафери, додавајќи дека Ахмети бил редовен и најдисциплиниран од сите нив

Back to top button
Close