Џафери: читајте си го деловникот да знаете што е реплика или контрареплика!
Со задоцнување од половина час, продолжи седницата и повторно со говори и реплики и повторно собранискиот спикер изгуби трпение заради вокабуларот на одредени пратеници кои и му гестикулираа.
– Во што ја прекршив процедурата да ми укажувате, кога јас интервенирам, ми укажувате да не правам така. Кога реагирам, ме прашувате зошто не регирам. Читајте си го деловникот да знаете што е реплика или контрареплика. 119 сте, не можам јас 119 правила на игра да смислам. Од здрав разум и јас си терам и си викам. – нервзно ги искара пратениците Џафери.
Неколку пати Џафери ги опоменуваше и претходно пратениците. Тој упатуваше совети кон пратениците за часови по демократија и како да го толкуваат Деловникот, но не наиде на разбирање и на крајот повторно изгуби трпение кога забележа дека еден пратеник му гестикулира.
– Не ми мафтај на мене! Не мафтај од место додека пратеник зборува. – го опомена Џафери.
Откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска го нарече „предавник“ пратеникот од мнозинството Зеќир Рамчиловиќ, двајцатa си разменија неколку реплики и контрареплики пред да реагира Џафери.
„Редно е некој да реагира процедурално, еве јас ќе реагирам. Далеку ќе одиме вака енглески. Како поискусен, можеби по мандати, мислам дека со време ќе ви помине и оваа фаза на вокабулар. Затоа очекував некој да укаже, но не треба, бидејќи јас ќе реагирам процедурално“, кажа Џафери.