Џафери до ВМРО-ДПМНЕ: Пред да обвинуваш некого, прво треба да се погледнеш во„огледало

Пратениците на Христијан Мицкоски да се погледнат во огледало – вака собранискиот спикер Талат Џафери на последниот ден од истекот на рокот им одговори на колегите опозиционери на обвинувањата со кои бараат тој да биде разрешен.

Џафери преку допис ги демнатира сите аргумeнти на опозициските пратеници и тврди дека во неговиот мандат „стара вистина е дека пред да обвинуваш некого, прво треба да се погледнеш во „огледало“.

Да имаше малку самокритичност и објективност кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе се воздржеа од вакви неосновани напади врз мене и од креирање вакви сценарија, затоа што фактите говорат дека и етичкиот кодекс и законските измени со кои се овозможи независноста на собраниската администрација се донесени во мојот мандат, дека најновиот извештај на ДЗР за работата на Собранието е чист како солза, а дека прекршувањата на уставот и на деловникот беа пракса во едни минати времиња.“, пишува џафери во одговорот на интерпелацијата

Извор: тв24

Back to top button
Close