Џафери го искара Јанушев да не лупа по говорницата, Силјановска пак истакна дека се срами што е на седницата

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната седница ги искара пратениците да внимаваат на речникот кој го употребуваат, а го прекори и пратеникот Игор Јанушев да не удира по говорницата додека зборува.

Тој ги предупреди пратениците дека може да ги одалечи од салата доколку и по трет пат ги прекршат правилата.

– Треба да знаете дека сте во собрание, а не на партиска конференција, истакна Џафери.

Во одбрана на Јанушев застана Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Таа, во процедуралана дискусија, му забележа на Џафери затоа што се заканувал дека ќе го исклучи Јанушев од расправата и затоа што дозволил Заев да критикува пратеници, иако се бира влада на СДСМ, а не на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече ќе им донесе снимки од други парламенти, за да видат како се презентира владина програма.

– Ви се смеат сите амбасади, се срамам што сум тука, рече Силјанвска Давкова.

Џафери истакна пак дека во други парламенти се тепале, па истакна дека тоа не значи дека и тие треба да се степаат.

-Е па ај да се степаме тука сите? рече Џафери.

Back to top button
Close