Џафери им го врати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ барањето за анкетна комисија за Тетово

Опозициските пратеници и на овој предлог не го напишале новото устаавно име на државата, поради што спикерот им го врати за да го усогласат со Устaвот.

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, им ја врати како неуредна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ иницијативата за формирање анкетна комисја за трагедијата во Тетово

Џафери ги известил опозициските пратеници дека нивното барање не е во согласност со амандманот 33 од Уставот, кој произлегува од Преспанскиот договор, односно предвидува дека уставното име на земјава е Република Северна Македонија.

Првиот парламентарец, во изминатите три години во повеќе наврати одбива иницијативи на ВМРО-ДПМНЕ затоа што опозициската партија не го користи новото уставно име или само ја додава буквата „С“ меѓу зборовите Република и Македонија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат рок од 15 дена да го усогласат својот предлог со Уставот. Тие, пред неколку дена, соопштија дека ќе поднесат предлог за формирање анкетна комисија во парламентот за да се истражи трагедијата во Тетово и да се утврди политичка одговорност

Премиерот Зоран заев, коментирајќи ја иницијативата, оцени вчера дека Собранието не е истражен орган, додавајќи дека пратениците имаат право да формираат анкетни комисии, ама, според него, прво треба да се почекаат резултатите од истрагата за пожарот во модуларната болница.

 

Back to top button
Close