Џафери: Купувањето возила на лизинг не е новост туку пракса, така е поевтино


Техничкиот премиер Талат Џафери, во врска со набавувањето нови возила на лизинг од страна на Владата, вели дека тоа не е новина и оти станува збор за воспоставена пракса.

Според него, лизингот е поевтин од купувањето моторно возила во сопственост бидејќи, како што рече, за периодот додека трае лизингот или по време или за поминат километар по возило, гаранцијата и одржувањето е на давателот на услугата, а не на побарувачот.

„Тие возила по пет години, ако останат на користење на институцијата, одржувањето би било поскапо отколку да се направи механичка замена на возилата според условите во договорот. Така да во тој контекст претпоставувам и би требало да е поевтино и имајќи предвид дека нема последователно за одржувањето да се трошат повеќе средства отколку што би чинело ново возило“,

рече Џафери денеска одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на делницата Петровец – Катланово.
На прашањето дали е ова погоден момент за набавка на возилата, со оглед на тоа дека е предизборие, Џафери рече дека тоа не зависи од моментот туку зависи од постапката, од периодот на заменливост затоа што претходните договори се врзани или за времетраење или за километража.

„Така што не може да се врзува за моментумот за изборите или пред изборите. Мора да се спроведе договорот имајќи предвид дека е тоа редовна активност и не е пречка да се спроведе и во овие околности“,
додаде Џафери.

Набавката на возила за Владата на лизинг е во редовната програма и трошоците така се помали, вели Битиќи

Набавката на возила на лизинг денеска ја оправда и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој додаде дека тоа е во редовната програма, а оти реализацијата ќе биде во ноември.

Изнесувајќи го своето искуство надвор од политиката, Битиќи рече дека оперативен и функционален лизинг во цел свет е најупотребуваниот механизам за службените возила затоа што долгорочно гледано трошоците за одржување се многу помали.

Back to top button
Close