Џафери на 6 август ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август, петок.

Првиот круг на изборите собранискиот спикер ќе ги закаже за 17 октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локалнатa власт е четири години без можност за продолжување.

– Изборите ќе се распишат на 6-ти август. Одлуката не се должи на меѓупартиски договор, туку врз основа на законите, бидејќи токму во тој период им истекува мандатот на актуелните градоначалници – информира Џафери.

Во односот на измените на Изборниот законик, Џафери на денешниот брифинг со новинарите, не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1 август.

Back to top button
Close