Џафери: Не водам евиденција кој влегува во мојот кабинет
Во однос на УСБ-то со кое обвинуваше опозицијата дека му било испорачано него, претседателот на Собранието Талат Џафери, во вечерашното издание на Вин Вин повтори дека веќе одговорил на нив, и дека понатаму нема потреба ниту да се правда, ниту да даде различен одговор.
Тој вели дека Собранието е дом на граѓаните, и таму може да влезе кој сака, под услов да ја почитува процедурата. Џафери инсистира дека не води евиденција на сите кои го посетуваат во неговиот кабинет.
„Што очекувате да ви кажам од мене како претседател. Мислите дека јас водам евиденција кој влегува кој не влегува. Мислите дека не сум свесен дека може и до таму да оди? Влегувањето во мојот кабинет не мора да значи и физичко влегување, може да е и злоупотреба, ако одиме по претпоставки. Бидејчи вие одите по претспоставки можам и јас да поставам претпоставка дека некој ме следи, снима и слуша во кабинет. Ја нема никој таа потреба, инсистира Џафери.