Џафери: Немам дилема, ќе се вакцинирам

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека нема дилеми околу тоа дали ќе се вакцинира против коронавирусот.

Тој порача дека ќе се вакцинира, поради тоа што смета дека е добра порака до граѓаните, поготово што дадени се позитивни научни препораки засновани на темелна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на вакцините од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), но и по поддршката од сите земји-членки.

Џафери посочи не е добро да се прави негативна кампања насочена кон вакцината.

Back to top button
Close