Џафери пцуел зашто вработените ги згрешиле материјалите и се шетале

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите не беше расположен да одговара на прашања за снимката во која вика и пцуе по вработените во собраниската служба. Рече дека не ги пцуел вработените, туку пцовките биле кон односот и кон работата.

Додаде дека не смета дека нешто прекршил, а јавноста си го кажала своето.

Џафери зборуваше за тоа како службениците работат и ги обвини дека во работно време се шетале по улица Македонија. Рече и дека ги згрешиле материјалите за 71 седница

Back to top button
Close