Џафери- Подготвен сум. Штом дојде предлог за уставни измени веднаш ќе ја почнам постапката

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на средба со новинарите последна за оваа година не кажа кога ќе почне постапката за уставни измени, потенцирајќи дека тој како претседател на матичната комисија е подготвен веднаш штом до него дојде предлог да ја почне оваа постапка. За евентуални предвремени избори напролет во корист на уставни измени, Џафери смета дека треба да се види интересот на процесот.

 

Џафери не одговори кога ќе почне постапката за уставните измени и вели дека немало потреба од директна средба претседател на Собрание – премиер да разговараат по прашање за кое јавно се произнел и премиерот и другите чинители дека во моментов се нема соодветно мнозинство, дека се разговара со сите.

И во моментот кога ќе сметаат дека имаат услови да покренат иницијатива јас сум подготвен како претседател на Комисијата и на Собранието да постапувам согласно процедурата, откако ќе се добие иницијатива понатаму, истакна Џафери.

Back to top button
Close