Џафери: Премиерската функција ќе ја извршувам со почит и одговорност


Актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери се заблагодари на номинацијата од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред парламентарните избори што треба да се одржат следната година. Тој вели дека ќе ја извршува функцијата со почит и одговорност.

-Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор од поддршката искажана од партиските органи, а пред сè од граѓаните на Република Северна Македонија – изјави Џафери.

Back to top button
Close