Џафери: Протестите на унивезритетите се дневна политика, во време на распишани избори не може да се потпишува колективен договор

Протестите на синдикатите на петте јавни универзитети: „Св. Климент Охридски“ во Битола, Тетовскиот универзитет, Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје, „Апостол Павле“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Штип се дневна политика бидејќи во време на распишани избори, Изборниот законик не дозволува да се потпишуваат колективни договори, смета техничкиот премиер Талат Џафери.

На денешната прес-конференција, Џафери изјави дека овие синдикати добиле насоки по примерот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како да го подготват колективниот договор.

– По примерот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ги насочив како треба да го подготват колективниот договор, уште на почетокот на 2023 година. Но, тие почнаа да ги доставуваат барањата во октомври, а последното беше на 29 декември. Ниту физички ниту формално правно немаше можност да се завршат овие работи, изјави Џафери.

Џафери додаде дека правото на протест или штрајк е неприкосновено право на секој граѓанин, но во моментов, смета дека барањето на вакво право, знаејќи дека има законски пречки, не може да се протолкува како ништо друго освен дневна кампања.

 

Вработените во петте јавни универзитети напротест се пожалија дека се маргинализирани од државните институции

Тој смета дека решението е да завршат изборите, а имајќи предвид дека веќе се надминати слабостите што ги имаше УКИМ, другите универзитети побрзо ќе ја завршат процедурата.

– Овие универзитети не се дискриминирани, не ги завршија на време потребните процедури, немаа синдикати, бидејќи дел од членовите беа во општите синдикати. Кога го видоа примерот на УКИМ, дека треба да имаат самостоен синдикат, тогаш формираа и тие, заклучи Џафери.

Во понеделникот, синдикатите на петте јавни универзитети „Св. Климент Охридски“ во Битола, Тетовскиот универзитет, Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје, „Апостол Павле“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Штип одржаа мирен протест пред влезовите на универзитетите. Вработените сметаат дека се дискриминирани и игнорирани како од Собранието, така и од Владата со непотпишувањето на Колективниот договор од нивна страна.

 

Back to top button
Close