Џафери-Шидер: Овој парламентарен состав да ја потврди и реализира заедничката стратешка цел

 На маргините на конференцијата „Поддршка на парламентарната демократија ширум светот: градење демократска отпорност” во Европскиот парламент, претседателот на Собранието Талат Џафери имаше средба со европратеникот Андреас Шидер, активен учесник во Жан Моне Дијалогот.

Соговорниците, според соопштението од прес-службата на Собранието, констатирале дека „е потребно овој пратенички мандат да ги остави зад себе сите процеси од транзицијата и сите оправданија кои прават државата да тапка во место и едногласно, пред ЕУ и светот, да ја потврди и реализира заедничката стратешка цел”.

Џафери го информирал европратеникот Шидер за тековните процеси во Собранието, конкретно, за разгледувањето на Предлог – буџетот на државата и за временската рамка за негово усвојување, како и за приоритетните Предлог-закони што треба да се усвојат до крајот на годинава.

Дополнително, тој се навратил и на двете поднесени иницијативи за распишување на референдум, за политичкиот дијалог во Собранието, како и на уставните измени што треба да се усвојат пред да започне отворањето на кластерите со ЕУ.

 

Во однос на политичките настани и одржувањето на Жан Моне Дијалогот, како што се посочува во соопштението, Џафери нагласил дека очекува процесот за усвојување на новиот Деловник да се заврши во 2023 година зашто новиот Деловник ќе го ослободи Собранието од блокади и ќе го насочи законодавниот процес кон ефикасност и продуктивност.

Европратеникот Шидер нагласил дека одблиску ги следат реформите и процесите во Република Северна Македонија и очекуваат во 2023 година да се случат сите посакувани и потребни промени и напредок на државата кон ЕУ, не заради европските интеграции, туку во насока на придобивките за граѓаните и државата.

Шидер, покрај за Дијалогот Жан Моне, изразил интерес и за актуелната политичка состојба во државата, за напредокот на скрининг процесот и уставните измени

Back to top button
Close