Џафери: Сите мислат дека јас толкувам Устав, јас не толкувам, јас спроведувам Устав

Претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата 24 анализа истакна дека не знае кој од него барал оставка и со кој мандат од професорите по уставно правно. Вели ниту еден од нив не се соочил со спроведување на прописи.

– Едно е теоретското разгледување и размислување по однос на тоа што значи прописот, тоа е научна ипотеза, а друго е практичната примена на носителот на функциите. Јас како носител на функција толкувам и спроведувами тоа е она за што се изнајснив во моментот на мојот избор. Како што е процедурата, сум дал заклетва и сум се обврзал да го почитувам уставот и законите. Не е случувајно што во изјснувањето на носителот на функцијата тоа е хиерариско поставување. Како претседател на Собранието треба да водам сметка за уставот и последователно и другите законски решенија кои ги пропишуваат нештата. Уставот е највисокиот правен акт и тој е над сите други правни акти. Јас целосно го испочитував уставот како највисок правен орган. Некој мисли дека јас сум толкувал нешто. – рече Џафери.

-Проблемот е што сите мислат дека јас толкувам Устав, јас не толкувам Устав, јас го спроведувам, додаде Џафери.

Back to top button
Close