Џафери: За мене ова е должност, доверба, исклучително важна одговорност

Собранието денеска ја почна седница за избор на техничка влада на Македонија. Дневниот ред беше изгласан со 67 гласови „за“, без против и воздржан, а во салата имаше регистрирано 108 пратеници. Уште веднаш пратеникот Антонијо Милошоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа, а по неговото обраќање пратениците на оваа партија ја напуштија салата.На седницата не присуствуваа ни пратениците од албанската опозиција, кои го бојкотираат одамна заради неименувањето нивен член во Државната изборна комисија, пренесе Независен.

Талат Џафери прв се обрати пред пратениците при што главната порака беше дека ќе постапува согласно законите.

„За мене не е важно дали е техничка Влада или за 100 дена, јас оваа одговорност ја сфаќам онака како што сум пристапувал кон секој предизвик кој сум го имал во животот. Сакам да ве уверам дека нема да дозволам да отстапиме од она што значи функционална и одговорна институција“, кажа Џафери.

Малку говореше на албански, па на македонски. Меѓу другото, во говорот се осврна и на тоа дека внимание ќе посвети на тоа во следниот период да има успешни економски политики, а и дека ќе продолжи борбата против корупцијата. На крајот од говорот, му се заблагодари за довербата најпрвин на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потоа на шефот на државата Пендаровски, а и на сите пратеници.

Повеќе

Back to top button
Close