Џафери за ТВ 24: Јас не се однесувам антидржавно, ја следам пропишаната процедура во Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата 24 анализа истакна дека единствена точка на седницата беше продолжувањето на кризната состојба за топлинската енергија, а се осврна и за Декларцијата за Гоце Делчев која не беше ставена на дневен ред, а поднесена од опозицијата.

– Јас не се однесувам антидржавно и се однесувам на она што е пропишаната процедура во Собранието. Матерјалот е доставен до мене и треба да се достави со сите пратеници и матерјалот требаше да се преведе и на наредната седница од 1 март ќе биде дополнета и со тие матерјали. Законодавна постапка според Деловникот почнува кога ќе се пушти до партениците. Матерјал кој не е пуштен до пратениците не може да биде предмет на дневен ред на билот која седница. Службите во Собранието имаат илјадници страници и како доаѓаат се преведуваат. – рече Џафери.

Back to top button
Close