Џафери за ТВ21: Без избран претседател, Собранието не е конституирано
Досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери се уште не испратил известување до шефот на државата Стево Пендаровски за формирањето на парламентот со што би почнале да течат роковите за доделување на мандатот.
Според член 90 од Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го додели мандатот за состав на Владата на кандидатот кој има мнозинство во Собранието.