Африка: За два дена коронавирусот потврден кај 19.142 лица

 Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка објави дека бројот на заразени со коронавирусот во изминатите два дена се зголемил за 19.142, додека 531 пациент починале од последици од Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата во Африка се заразиле вкупно 1.489.197 лица, над 1,2 милиони пациенти се излекувале, а 36.085 починале.

Најголем број случаи на Ковид-19 и смртни случаи се регистрирани во Јужна Африка – 676.084 и 16.866. Од почетокот на пандемијата, во Египет се заразиле 103.317 лица, а 5.946 починале.

Back to top button
Close