Африкански бран ја зафати Македонија: Температури до 37°C и можна појава на попладневни невремиња

Оваа седмица територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса со потекло од Африка, што ќе донесе стабилно и сончево време, но со високи температури и услови за локални попладневни нестабилности.

Според метеоролошките прогнози, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови можно е формирање на грмотевични облаци, што може да донесе краткотрајни, но интензивни врнежи, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста за појава на краткотрајно невреме во одделни подрачја.

Температурите ќе бидат во значителен пораст. Речиси насекаде дневните вредности ќе достигнуваат околу 30°C, а на некои места и ќе ги надминат. Во Повардарието се очекуваат и температури од 36 до 37°C, додека во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 35–36°C.

УВ индексот оваа седмица ќе биде во рамки на висока до многу висока вредност, со коефициент помеѓу 7 и 8, па граѓаните се повикуваат на внимателност при директно изложување на сонце, особено во периодот од 11 до 17 часот.

Back to top button
Close