„Африкански лица“ во Музејот на Македонија

На 16.06.2021 (среда) во 20:00 часот во Музеј на Република Северна Македонија ќе се отвори изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски, каде ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка.

.

Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници населени во Југозападна Етиопија. Преку оваа изложба ќе имате прекрасна можност да се запознаете со архаичната култура на Сурите, но истовремено и да го посведочите уникатниот талент на фотографката Билјана Јуруковски. За ова волшебно патување низ Африка ќе можете да поразговарате со фотографката Билјана Јуруковски на средбата која ќе се одржи на 17.06.2021 во 12:00 часот во Музеј на Република Северна Македонија.

По впечатливите изложби „Духовите на Африка“ и „Африка во Македонија“ одржани во нашиот музеј, кураторот Гоце Наумов преку изложбата „Африкански лица“, ја продолжува приказната за африканските култури. Оваа изложба ќе биде пропратена и со негово предавање за народот Сури кое ќе се одржи на 23.06.2021 во 12:00 часот во Музеј на Република Северна Македонија.

За време на изложбата и пропратните настани ќе се почитуваат сите предвидени мерки и протоколи. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор, а протокот на посетители за време на отворањето ќе биде регулиран со наизменично влегување на групи од посетители согласно капацитетот на салата. 

Изложбата е финансиски подржана од Министерството за култура.

Back to top button
Close