Агелер: Македонските лидери да ја искористат можноста за членство во ЕУ, пред да им се лизне од рацете

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, испрати порака до политичарите во земјата во врска со членството на земјата во ЕУ.

„Да го имав одговорот, сè уште немаше да разговараме за ова. Не знам дали сега има алтернатива. Високи државни лидери, премиерот, министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и другите министри, често се во Брисел, каде што разговараат со високи претставници на ЕУ. Како амбасадор на САД, цврсто верувам дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Географски, политички и стратешки, тоа има смисла. Иако САД не се дел од ЕУ, јасно ги гледаме придобивките што тоа ќе им ги донесе на граѓаните на земјата – трговија, инфраструктура, владеење на правото и антикорупциски реформи. Ја разбирам разочарувањето. Го сменивте името, знамето, направивте големи отстапки. Сепак, целта е сè уште недостижна. Но, овие одлуки, без разлика колку се тешки, мора да се донесат. Брисел не е единствен глас – тоа е сложен сојуз на држави. Секогаш е разочарувачки кога реториката станува непотребно непријателска од кој било член. Потребни се дијалог, прагматизам и акција. Верувам дека постои силна поддршка во Брисел и дека лидерите на земјата треба да ја искористат можноста пред таа да им се лизне од рацете“, изјави Агелер за „Фокус“, одговарајќи на прашање во врска со членството на Македонија во ЕУ.

Back to top button
Close