Агенцијата за иселеништво со нова подобрена веб страница
– Тимот на Агенцијата за иселеништво во изминатите шест месеци, работеше на изработката на новата официјална интернет страница на институцијата, наменета пред се за информирање на иселениците со секојдневните случувања во државата, како и со активностите на иселеничките организации ширум светот, информираат од Агенцијата.
Изработката на новата страница, се додава во соопштението, е со цел да се внесат новитети при информирањето на јавноста како во земјата, така и во дијаспората.
– Покрај досегашните рубрики, преку кои јавноста беше информирана за активностите на нашите иселеници, во нивните матични земји, сега имаме можност, преку новите рубрики, да ја информираме дијаспората за активностите и актуелностите од општините од каде што потекнуваат самите иселеници, за новини од областа на спортот, културата и наставата на мајчин јазик, прецизираат од Агенцијата.
Оваа замисла, како што посочуваат, е пред се, да се засили веќе воспоставената соработка помеѓу иселениците, иселеничките организации со земјава, а воедно и да се обезбеди нов, модерен обостран агрегат на информации, од земјата и дијаспората.
– Првпат, иселениците и иселеничките организации, имаат можност да учествуваат директно во креирањето на содржините и доработката на веб страницата, како нивен информатор, преку давање на можност за директни сугестии и предлози во однос на содржините, велат од Агенцијата и додаваат дека се отворени за соработка, предлози и сугестии од иселениците и иселеничките организации, преку кои, посочуваат, ќе можеме да црпиме информации, кои ќе ни користат во градењето на активностите и политиките на делување на Агенцијата.