(Видео) Агитираат во изборен молк: Иселеници од Швајцарија доаѓаат да гласаат во Струга

На социјалните мрежи се споделува видео од авион полн иселеници во Швајцарија кои покажуваат број на една политичка партија, а во објавата на Фејсбук се повикува да се гласа за еден од кандидатите за градоначалници на Струга.

фото: принтскрин/Фејсбук

„Време е Струга да ја водат луѓе кои размислуваат за градот, а не за личните интереси. Се враќаме да гласаме за вистинската промена“, изјавија некои од нив за време на нивното заминување од Швајцарија.

Поддршката од дијаспората се смета за силен сигнал за единство и верба во визијата за функционална, чиста и развиена Струга, каде што вредностите на работата и транспарентноста се во центарот на идната насока.

„Се очекува вториот круг да биде одлучувачки за иднината на Струга, додека дијаспората уште еднаш докажува дека љубовта кон татковината нема граници“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close