Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и други обвинети Косовци

Слобода за Хашим Тачи и останати борци од УЧК побара денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи.

Како што истакна тој, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи и борците, Реџеп Селими, Кадри Веселин и Јакуп Красниќи неправедно се оддалечени од прагот на своите куќи.
„Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји“, се вели во објавата на Ахмети.

Back to top button
Close