Ахмети: ДУИ ќе ја брани Кичево, албанските кадри ќе продолжат да управуваат
„ДУИ ќе ја брани Кичево и таа општина ќе продолжи да се управува од албански кадри“.
Вака истакна генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, во интервју за емисијата ZOOM на МТВ2.
Тој беше запрашан дали на следните локални избори може да се изгуби Кичево.
Ахмети решително одговори дека тоа нема да се случи бидејќи општина Кичево ја освои ДУИ заедно со Албанците од Кичево и тие од дијаспората, па затоа повторно Албанците од Кичево ќе ја освојат таа општина.
„Општина Кичево на секој изборен циклус ја освоивме како ДУИ со поддршка на Албанците, со поддршка на кичевчани, но и на кичевската дијаспора, кои беа исклучително заинтересирани да не се доведе во опасност и бидете сигурни дека истото ќе го направиме повторно“, истакна Ахмети.
Тој не ја исклучи можноста за соработка со сите албански политички партии на локалните избори во општина Кичево, со цел да не се поделат албанските гласови.
Ние сме заинтересирани во општините каде што има потенцијал да победи албански кандидат, задолжително да се обедини гласот, да не се подели гласот и да постигнеме тие да се управуваат од албански кадри“, истакна генералниот секретар Ахмети.