Ахмети: Ќе се гордееме со премиерот Албанец како со нобеловците Мајка Тереза и Ферид Мурат
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во Кичево го претстави кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери и порача дека тој ќе работи во интерес на сите што живеат во оваа држава.

„Оваа земја имала нобеловци Албанци како што се Мајка Тереза и Ферид Мурати. Со нив нашата земја се гордее како што ќе се гордее и со премиерот Албанец бидејќи тој ќе работи во интерес на сите кои живеат во оваа држава. Имаше противење и во времето на изборот на Дехари за градоначалник на Кичево но денеска сите увидоа дека во Кичево се живее сложно, без разлика на етникумот кому му припаѓаат. Затоа и оваа наша најнова идеја ќе биде во интерес на еднаквоста се разбира ние ќе продолжиме и во други сфери за да работиме во интерес на сите граѓани – рече Ахмети во Кичево.
На партискиот собир меѓу кичевчани присуствуваа и носителот на изборната листа во Изборната единица 5, Талат Џафери, како и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари кој е претседател на локалниот изборен штаб на ДУИ.
Зибери, пак, рече дека оваа идеја произлегла за да ги победи антагонизмите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако имаме намера да бидеме европска земја тогаш заедно рамноправно ќе се бориме за правда и рамноправност. Во една химна која нè исклучува можеме ли да бидеме рамноправни, па оттука големата идеја на Али Ахмети да ги надминеме и последните бариери за рамноправност. Оваа идеја е во интерес на граѓаните па затоа ќе победиме и ќе ја реализираме – рече Зибери.