Ахмети ќе ѝ се обрати на јавноста преку Фејсбук

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во 11 часот ќе се обрати на граѓаните преку социјалната мрежа Фејсбук. Неофицијално, во обраќањето Ахмети се очекува да зборува за уште едно исполнето ветување на ДУИ, Македонија првпат да добие премиер Албанец, откако вчера шефот на државата Стево Пендаровски му го оврачи на Талат Џафери мандатот за состав на техничката влада.

Можно е Ахмети во ообраќањето да зборува и за настапот на ДУИ на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Најавата за обраќањето на Ахмети  ја објави првиот вицепремиер во оставка Артан Груби.

Back to top button
Close