Ахмети ќе се обрати по повод 19-годишнината на ДУИ

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети по повод 19-годишнината од основањето на партијата, денеска во 12:00 часот, ќе им се обрати на граѓаните.

Од ДУИ најавија дека Ахмети преку социјалните мрежи ќе ја пренесе пораката упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на нашата земја.

Се очекува денеска Ахмети и неговите најблиски соработници да најават еден вид ребрендирање на партијата, на нивната платформа и нова боја, зелената – бојата на чистата животна средина. Во 12 часот, кај Школка во Градскиот парк во Скопје Ахмети ќе ѝ се обрати на јавноста по повод 19-от роденден на партијата.

За локалните избори се очекува и обединување околу заеднички кандидати.

Локалните избори треба да се одржат во втората половина на октомври. Ќе треба да се изберат градоначалници и советници во 80 општини.

 

Back to top button
Close