Ахмети – Генчовска: Секое доцнење оди на штета на бугарската заедница во земјава

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) соопшти дека лидерот на партијата Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Теодора Генчовска.

„Ахмети и Генчовска разговараа за спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, решение кое ќе и даде зелено светло на нашата земја за почеток на преговорите со Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови“, велат од ДУИ.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата изјави дека секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјава.

Претседателот Ахмети ги покани бугарските власти да ја зголемат меѓусебната доверба и да работат заедно за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со нашите западни определби.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани.

Решавањето на спорот меѓу двете земји придонесува за мир, безбедност и стабилност во целиот регион. Граѓаните веќе очекуваат позитивни резултати за изнаоѓање заеднички јазик во решавањето на спорот меѓу двете земји бидејќи Европа не е во целосен мир без Западен Балкан.

Ахмети и Генчовска на средбата истакнаа дека е неопходно да се интензивираат трговската и културната размена меѓу нашите две земји за подобрување на благосостојбата на граѓаните и подоброто меѓусебно познавање.

Back to top button
Close