Ахмети ги информирал раководството и пратениците за досегашните преговори и побарал тие да кажат како да продолжат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево ги собра членовите на централното претседателство во Мала Речица. Освен тесното раководство на партијата, присутни на состанокот биле и пратениците од редовите на ова партија, информира Либертас.

Потпаролот на ДУИ, Бујар Османи за ТВ21 изјавил дека лидерот Ахмети започнал консултаци на различни нивоа со структурите на ДУИ, но сите консултации се организират на групи за да се почитува физичката дистанца и да се заштитат присутните од пандемијата.

“Причина за овие средби е да се анализира постизборната ситуација и преспективата на преговори за идна влада, затоа овие консултаци ќе бидат редовни во деновите што престојат. Тоа што го праиме денес е информирање на луѓето од партијата од страна на лидерот Ахмети за досегашните разговори за состав на идна Влада, како и да се слушне нивното мислење како треба да се продолжи понатаму”, изјавил Османи за ТВ21, пренесува Либертас.

Back to top button
Close