Ахмети: Го информирав Мицкоски дека прво разговараме со СДСМ, тој ми посака успех

– Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска, по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека разговарале околу платформите за да ги доближат ставовивте, нагласувајќи дека ќе зависи од волјата на двете страни за да се постигне позитивен епилог во полза на државата.

– Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам. Ние инвестираме во прашањето за Албанците, во добра насока сме и готови сме ова да ги направиме за државата затоа што придобивка ќе има стабилноста на државата, приближувањето на заедниците,
сакаме и сме подготвени ова да го направиме за државата, истакна Ахмети.

Тој рече дека веќе го информирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски оти неговата партија започнала преговори со СДСМ, како победник со победник.

– Јас го информирав Мицковски дека започнаа преговори меѓу ДУИ и СДСМ за тие да не создадат лажно мислење, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор. Тој беше прагматичен, ми посака успех во разговорите потенцираше лидерот на ДУИ.

Тој изрази надеж дека сите партии ќе имаат силна волја за да се надминат разликите и потешкотите.

Околу прашањето за премиер Албанец, што беше предизборно ветување на ДУИ, Ахмети оцени дека, колку се блиску, толку се и далеку.

– Јас сметам дека колку што сме блиску толку сме и далеку, но сепак сите страни мораат да ги имаат предвид големите интереси на државата, рече Ахмети.

Back to top button
Close