Ахмети го посетил владиниот кабинет на Џафери

Али Ахмети, лидерот на ДУИ денеска го посетил премиерот во преодната Влада Талат Џафери во неговиот владин кабинет. Оваа информација вечерва и двајцата ја соопштија преку своите Фејсбук профили.

 

Џафери оваа информација прв ја објавил на социјалната мрежа Фејсбук, каде споделил и неколку фотографии од средбата со Ахмети.

„Си подадовме рака во минатото дека ќе ја оствариме визијата и ќе напишеме историја. Денес, повторно здрави и со елан, си подаваме рака за иднината“,напиша Џафери.

Ахмети, пак, неколку часа подоцна на Фејсбук напиша дека оваа влада предводена од Талат Џафери е целосна политичка влада со сите овластувања дефинирани со закон и Устав.

„Денеска бил кај Талат во Владата, вчера претседател на Собранието, денес премиер. Повторно му честитав на должноста и му посакав добро здравје и успех во работата. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува земјата, продолжувањето на работата согласно текот на проевропските политики затоа што иднината на Република Северна Македонија и нејзините граѓани лежи во големото европско семејство и немаме друга алтернатива. Добро направено дело на Талат, заедно со Артан, Фатмир, Бујар, Крешник, Јетон, како и Назим, Беким и Агимин во владиниот кабинет“напиша Ахмети на својот Фејбук профил

Back to top button
Close