Ахмети и високи претставници на „Европскиот фронт“ ќе учествуваат на „Стражата за јазикот“ пред Уставен
Ова меѓу другото било одлучено на денешната седница на Централното претседателство на ДУИ, што се одржа во седиштето на партијата во Мала Речица, информираше по нејзиното завршување потпретседателот на ДУИ и нејзин портпарол, Арбер Адеми.
Претходно на истата локација, како што информираше тој, се одржал и вонреден координативен состанок на лидерите на партиите од коалицијата „Европски фронт“ со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
„Како прво ние се соочуваме со вонредни околности, вонредни ситуации и секако една од точките која беше разгледана е дека највисоките претставници на „Европскиот фронт“, вклучивајќи го и претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска ќе учествуваат покрај шаторите кои што се поставени кај Уставниот суд“,рече Адеми.
Исто така, додаде, тој ДУИ и коалицијта предводена од нив ќе продолжат, на мирен начин со, како што кажа, нивната битка на оваа „Стража на разумот“, а против одлуката која „за жал се најавува од самите политичари за укинување на службената употреба на албанскиот јазик“.
„Како што знаете има 13 иницијативи. Една од најволуменозните е самата иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ги разгледаме внимателно сите инциијативи тие предвидени на два основи. Со првиот основ се бара целосно поништување на албаскиот јазик, на Законот за употреба на албанскиот јазик, а втората основа според иницијативите и тоа што е доставено пред Уставниот суд се бара повеќе од десет членови да се избришат и да се укинат“,
рече Адеми по состанокот на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица.
Во однос на „Стражата за јазикот“, тој кажа дека според него станува збор за повеќе од партиска и од етничка иницијатива.
„И затоа ние бараме и апелираме до сите граѓани кои се загрижени и коишто сакаат да ја продолжат битката за мултиетничка држава да ни се придружат – Албанци, Македонци, Турци и сите други заедници кои веруваат во еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата“,кажа Адеми.
Инаку, во реферарот на судијата известител, кој ќе се најде пред уставните судии в среда, а во кој „360 степени“ имаше увид, не само што не се предлага поведување потапка за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците во целина, туку се аргументира дека тој е втемелен во Уставот.
Тоа за што се предлага поведување постапка за оценување на уставноста се општи формулации во неколку члена од законот, како и две конкретни одредби – за симболите на парите и за водењето на судските постапки. Членовите или деловите од членовите за кои се предлага поведување постапка за оценување на уставноста се и дел од забелешките на Венецијанската комисија во нејзиното мислење за законот од 2019 година.